И британскиот амбасадор смета дека во Македонија работите околу корупцијата се влошуваат
Апсолутно е клучно Македонија да се справи со корупцијата во земјава која се влошува. Ја имате британската поддршка за тоа, објави на официјалниот твитер профил амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон во земјава по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември.
„Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во Северна Македонија се влошува, а не се подобрува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во судството и ги ослабува јавните институции. Обединетото кралство ја поддржува Северна Македонија. Апсолутно е клучно справувањето со тоа“, стои твитер профилот на британскиот амбасадор Лосон.
Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.