Реакции

Хрватскиот скулптор Кујунџиќ во отворено писмо до Пленковиќ: Зошто не реагирате на антихрватските простачки навреди на Тозија?

Реакциите во Хрватска на неумесните коментари на македонскиот државен службеник Горјан Тозија по социјалните мрежи за усташтвото во владеачката партија ХДЗ не стивнуваат. Денеска Тозија на својот фејсбук-профил напиша дека „ако некој се нашол повреден, еве и ќе се извинам“. Но, хрватски културни работници и новинари бараат Хрватска да реагира многу посериозно затоа што сепак се работи за човек кој е директор на државната Агенција за филм.

Иван Кујунџиќ

Истакнатиот хрватски скулптор Иван Кујунџиќ по повод „навредите од Тозија“ испрати писмо до хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ Андреј Пленковиќ во кое отворено бара да го заштити дигнитетот и углеот на хрватската Влада и на Хрватска во целост и на ХДЗ.   

„Изминативе месеци изложени сме на бескрупулозни изливи на горчина од лажни антифашисти, на нивните непримерни навреди и политички подметнувања како во аудио-визуелните и печатените медиуми, така и по социјалните мрежи од страна на службеник на една држава, и тоа Македонија. Баш од држава на која Хрватска толку многу ѝ помага... Со месеци добивав пораки кои јасно покажуваат дека се одвива вулгарно вреѓање на Хрватска, на ХДЗ, а сега и лично тебе, на претседателот на Владата и на ХДЗ. Верував дека за тоа знаат нашите служби... Верував дека на ова веќе реагирала и министерката Нина Обуљен Коржинек, но тоа уште не го видов... Но очиглледно морам лично да реагирам на овие навреди како хрватски скулптор и човек кој се грижи за дигнитетот на државата Хрватска“, пишува Кујунџиќ во отвреното писмо до Пленовиќ објавено и на хрватсскиот портал Отворено.хр.

Хрватскиот скулптор вели дека се работи за вулгарни антихрватски навреди од најдолен вид од свирепи протуви, лажни антифашисти, простачки и политикантски длабоко антихрватски навреди.

„...Горјан Тозија пишува дека сме фашисти, смрдливи усташи и дека си ти во клубот на криминалците заедно со Орбан... Пишува дека тој како државен службеник има право и смее ова да го пишува затоа што 'има право на критички став кон сѐ што смета дека е аномалија во која било земја и дека тоа право никој не може да му го земе и дека има право да пишува против сите диктатури и фашизмот кој било облик'. Значи државниот службеник на Македонија Горјан Тозија вели дека Владата на Хрватска, ХДЗ, премиерот на Хрватска се 'фашисти, усташи членови на клубoт на криминалците'. И никој од наша страна, од сите тие вработени по нашите институции кои се на државни јасли не реагираат.

Сметам дека ваквото службено однесување на државата Хрватска треба да прекине“, побара од хрватскиот премиер неговиот личен пријател и еден од основачите на ХДЗ, Иван Кујунџиќ.

Се јави и хрватскиот новинар Иван Бродиќ. Тој редовно коментира на постовите на Тозија и најави дека со Тозија ќе се пресмета по институционален пат, откако на судот ќе му ги предаде сите принтскринови од неговите постови. Бродиќ вели дека не е случајно тоа што Тозија се откажал од хрватското државјанство откако почнале неговите проблеми со хрватските даночни власти.

Хрватскиот новинар потсетува дека сѐ почнало со написита за, сега веќе повлечената  поштенската марка на Македонски пошти на која беше прикажана мапата на т.н. НДХ и голема Албанија од времето на балистичката фашистичка диктатура. „На моите коментари за тоа, Тозија напиша дека сум усташки смрдливец. Тој напиша дека Анте Павелиќ бил претседател на ХДЗ и дека Андреј Пленковиќ, легално и демократски избраниот премиер на Хрватска, е фашист и криминалец и дека ХДЗ е фашистичка партија. За ова веќе го информирав кабинетот на премиерот Милановиќ, кабинетот на македонскот претседател Пендаровски, хрватската влада, македонската техничка влада, Министерството за надворешни и европски работи, ХДЗ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ... Како организација која го следи развојот на фашизмот и на нацистичките идеи по светот, го информирав и Светскиот еврејски конгрес“, напиша Бродиќ.

Минатата недела хрватскиот портал ХРсвијет предупреди дека Тозија, како македонски државен службеник, по социјалните мрежи упатува директни навреди на државата Хрватска, на ХДЗ и на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тозија во колумна за МКД.мк ги демантира ваквите обвинувања и вели дека се работи за спинови, лаги и тенденциозни клевети.

А.Д.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе