Хрватскиот министер за надворешни работи Грлиќ Радман во Скопје

Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, на покана на министерот Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на министерствата на двете земји.

Предвидено е потпишување на Меморандум за разбирање меѓу двете министерства во областа на дипломатска обука, по што Османи и Грлиќ Радман ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај средбите во Министерството за надворешни работи, вечер во Филхармонијата ќе се одржи свечен настан, со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Северна Македонија, по што ќе се одржи и пригоден прием на кој заеднички ќе биде одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Хрватска.

Министерот Грлиќ Радман утре ќе учествува на вториот Преспа Форум за дијалог што ќе се одржи во Охрид. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе