НА МАКЕДОНСКО-ГРЧКАТА ГРАНИЦА

Хаос во Гевгелија, масовна тепачка меѓу бегалците Сиријци и мигрантите, исечена е и жицата

Она што се претпоставуваше, по вчерашните тензии меѓу сириските бегалци и другите, утрово експлодира. Од утрово на македонско-грчката граница, на меѓуграничниот простор кај кота 59 избија големи нереди и тепачки меѓу бегалците и мигрантите.

Од вчера никој не може да ја поминува границата. Единственото место каде што бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан можеа да ја поминуваат границата е блокирано.

Повеќе од 3.000 мигранти се блокирани кај импровизираниот камп кај Сехово (Идомени), во Грција.

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов пред два дена во интервју за ТВ Канал 5 предупреди дека безбедносната ситуација на македонско-грчката граница е од висок ризик.

Македонските власти носат дополнителни полициски сили на границата.

Од вчера на полноќ претставниците на УНХЦР и на неколку невладини организации го напуштиле кампот од безбедносни причини.

Тие што не можат да ја поминат границата им се закануваат на оние на кои тоа им е дозволено.

Македонската полиција употребува солзавец во обид да ги врати назад демонстрантите од Пакистан, Мароко и Иран.

Ноќеска грчката полиција сосема го напуштила кампот.

Мигрантите се снабдени со алат за сечење на жицата. Дел од оградата веќе е уништен.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе