Петта прес-конференција на Државната изборна комисија

Гугучевска: Излезноста во Македонија до 17 часот е 42,85 проценти, во Скопје - 39,99 проценти

Излезноста до 17 часот на ниво на државата, од  83,29 обработени податоци изнесува 42,85 проценти од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список за 44-те општини во кои се гласа, додека излезноста на ниво на Град Скопје изнесува 39,99 проценти од 89,93 обработени податоци од избирачките места, изјави на петтата прес-конференција одржана во 17.30 часот порпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска.

Портпаролката рече дека највисока излезност во земјава е забележана во Вевчани - 75,6 проценти, во Конче - 73,15 проценти, во Ранковце 71,02, а над 60 проценти излезност има уште во Пробиштип, Дебар, Росоман, Македонски брод, Пехчево и и во Демир Капија.

Со најниска излезност е општината Сарај - 23,41 отсто, Шуто Оризари со 28 проценти и Боговиње со 30 проценти излезени избирачи.

Во Скопје од 89,93 проценти обработени избирачки места процентот на излезност е 39,99 отсто. По општини – во Аеродром 42,37 отсто, Бутел - 36,65 отсто, Гази Баба - 38,18 отсто, Ѓорче Петгров - 40,75 отсто, а најголема излезност има во Карпош каде на гласање излегле 47,05 проценти од избирачите.

Oд интернет страницата на ДИК може да се види дека од поголемите граови излезноста е најголема во Битола - 51,72 проценти од гласачите, во Охрид - 50,82, во Куманово изнесува 41,71 проценти, а во Тетово на гласање до 17 часот излегле 40 проценти од гласачите.

Во однос на приговорите Гугучевска рече дека се поднесени 433 приговори, од кои 378 се прифатени, одбиени се 34 приговори, а 21 лице кое веќе поднело приговор е запишано во Избирачкиот список и може да го оствари правото на гласање

Освен деветте избирачки места каде има продолжување на гласањето за еден час, нема други избирачки места каде треба да се продолжи гласањето.

До ДИК нема пријави за изборни инциденти, одговори портпаролката на новинарско прашање..

За денешниот изборен ден Гугучевска ја изнесе оценката дека се одвива во мирна атмосфера и додаде дека самото гласање се одвива побрзо имајќи предвид дека за гласање се потребни помал број на гласачки ливчиња, но и имајќи предвид дека избирачките одбори се пообучени за ракување со биомеетриските апарати.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе