СДСМ: Губитникот Мицкоски исвиркан на сопствениот протест

Губитникот Мицкоски вечерва беше исвиркан на протест на кој едвај 200 негови се појавија. Јасно е дека никој не му верува на Мицкоски, ниту неговите а најмалку граѓаните, велат од СДСМ.

„Уште еднаш губитникот Христијан Мицкоски покажа дека не му е ниту до државните интереси, ниту до здравјето на граѓаните, а најмалку му е грижа за европската иднина.

Тој се грижи само да ја зачува фотелјата во белиот дворец кое гледаме и дека не му оди баш најдобро.

Мицкоски и антидржавното ВМРО-ДПМНЕ се тие кои ја поткопуваат меѓународната позиција на државата, токму тие се оние кои како власт ја држеа земјата во изолација, а како опозиција прават се да го попречат напредокот во интеграциите. Тој секогаш е на спротивната страна од државните и националните интереси, не направи ништо за евроинтеграциите, само против НАТО и само против ЕУ.

Не може за „брза трака" на интеграција да зборува Мицкоски кој беше дел од 11годишен режим што ја држеше Република Северна Македонија во изолација и заложништво. Овој народ нема уште 11 години да загуби“, истакнуваат од СДСМ.


Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе