АНКЕТА

Груевски не треба да биде реизбран за премиер, велат 52 отсто испитаници во истражување на ИРИ

И во јуни и во октомври годинава 48 отсто од граѓаните сметаат дека Македонија оди во погрешен правец, а 26 отсто од испитаниците велат дека се оди во правилна насока.

На прашањето дали премиерот Никола Груевски си ја врши работата доволно добро за да биде реизбран, 52 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека тој не го заслужил тоа (во истражувањето во јуни 2015 овој процент бил 55 отсто), а 35 отсто сметаат дека заслужил (во јуни 2015 овој процент бил 32).

Оваа анкета беше спроведена од Брима, агенција за истражување со седиште во Скопје, во соработка со Центарот за анкетни истражувања на ИРИ. Анкетата се спроведе преку интервјуа лице в лице од 29 септември до 5 октомври, на примерок од 1.106 македонски граѓани на возраст од 18 години или повеќе.

Македонија е помалку стабилна земја во споредба со лани – сметаат 42 отсто од граѓаните, што е за 16 отсто повеќе од резултатите добиени со истражувањето во јуни годинава. За 58 отсто од испитаниците невработеноста и сиромаштијата се двата најголеми проблеми во земјава. Дополнително загрижува тоа што граѓаните укажале дека би претпочитале просперитетна економија пред демократски систем на владеење, во случај да треба да одберат само едно од двете - 52 отсто сметаат дека економскиот просперитет е поважен отколку демократскиот систем на владеење.

Во однос на претстојните избори 74 отсто би излегле на гласање, а 52 отсто сметаат дека институциите не се способни да ги идентификуваат нерегуларностите за време на гласањето (што е за 12 отсто повеќе од јуни 2015).

Пржино мора да се спроведе

Анкетата на Центарот за истражувања на ИРИ покажа дека граѓаните се несигурни околу спроведувањето на договорот од Пржино.

Иако севкупното чувство на нестабилност е намалено, анкетата открива сериозна загриженост во врска со капацитетот на институциите да спроведат избори во Македонија, при што граѓаните се сомневаат во безбедноста на нивниот глас и веродостојноста на домашниот Избирачки список.

Граѓаните се скептични дека партиите ќе го спроведат договорот од Пржино. По кризата што произлезе од скандалот со прислушувањето на почетокот на 2015 година, македонските политички партии го испреговараа договорот од Пржино, кој повикува на поголема вклученост на главната опозициска партија во државните министерства, оставка на сегашниот премиер, назначување на специјален обвинител да ги истражи кривичните дела што потенцијално произлегуваат од скандалот со прислушувањето и нови избори во април 2016 година.

По потпишувањето на договорот, 42 проценти од испитаниците сметале дека Македонија е помалку стабилна од пред една година, намалено од 58 проценти во анкетата на ИРИ од јуни 2015 година. Иако со пад од високи 61 процент, 51 процент сѐ уште сметале дека дека политичката ситуација бил напната и неизвесна.

Голем број граѓани немаат доверба дека одговорните партии ќе ги исполнат своите обврски од договорот од Пржино. На прашањето дали сметаат дека тековните преговори меѓу четирите партии ќе доведат до успешна имплементација сите аспекти на договорот од Пржино, само 33 проценти од испитаниците одговориле „да“, додека 24 проценти рекле „не“.

„За да се адресираат грижите на граѓаните и да се врати довербата во демократските процеси во Македонија, од суштинско значење е политичките партии и институциите посветено да се придржуваат до обврските од договорот од Пржино“, рече Јан Сурочак, регионален директор на ИРИ за Европа.

„Со политичките превирања што настанаа во првата половина на оваа година, од голема важност е граѓаните да се уверат дека нивните избрани лидери остануваат посветени на должностите што произлегуваат од нивните функции. Подеднакво важно е специјалните истраги на скандалот со прислушувањето да ја следат процедурата и да не се манипулирани од политичко влијание."

Иако договорот од Пржино повикува на предвремени избори, сомневања во врска со интегритетот на претстојните избори се очигледни. Педесет и два проценти од анкетираните кажале дека сметаат дека државните институции не се способни соодветно да се справат со нерегуларности, доколку се случат на денот на избори.

Граѓаните најзагрижени за парчето леб

Како и во многу земји, економијата и вработувањето се главните грижи на испитаниците, при што 41 процент ја спомнале невработеноста како најсериозен проблем со кој се соочува Македонија.

Мнозинството се изјаснило дека, кога би биле принудени да изберат само едно од двете, просперитетна економија би им била поважна (52 проценти) од демократски систем на владеење (41 процент). Бројот на оние што сметале дека просперитетната економија е поважна се зголемил за 12 проценти (од 40 проценти во јуни 2015 година).

„Моменталното национално расположение дава можност на сите избрани и назначени функционери да придонесат за поголем економски просперитет на демократски начин, истовремено зајакнувајќи ја довербата на граѓаните во демократскиот систем на Македонија“, забележа Сурочак.

Ова истражување е овозможено со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе