ВМДРО-ДПМНЕ КОНТРА СЈО

Груевски: На Јанева ѝ обезбедивме сѐ, нема потреба од измени на законите

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи барањата кои специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ги испорача до Собранието. 

Јанева побара продолжување на работата на СЈО, продолжување на рокот за истраги, измена на законите за сведоци и приватноста, како и почитување на препораките од Венецијанската комисија, но според лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, тоа нема да го добие.

„Обезбедивме се што беше потребно, буџет, средства, вработувања, простории, логистика и се она што и беше потребно. Се сменија потребните закони, заедно услогласени со опозицијата и не сметаме дека има потреба од негово проширување, надградување или нов договор“, изјави Груевски.

Што се однесува, пак, до судењето во случајот „Пуч“, Груевски рече дека „секако ќе се појави“ ако добие покана од судот.

Инаку, поранешниот премиер е единствениот сведок на Јанева во овој случај.

Фото: МИА

 

 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе