Грковска со Естонија и САД ќе го спроведува проектот за дигитална трансформација на општеството

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работна средба со тим од Естонскиот центар за меѓународен развој и претставници од Амбасадата на САД во земјава кои се дел од проектот за унапредување и дигитална трансформација на општеството, што во Македонија се спроведува со поддршка на Естонија и САД.

Како што информира нејзиниот кабинет, вицепремиерката Грковска информираше за тековните процеси поврзани со дигиталната трансформација на општеството кои се спроведуваат во нашата држава, со посебен акцент на воведувањето електронска лична карта, носење закон за архивско работење и поголемо развивање на платформата за интероперабилност.

„Таа нагласи дека е многу важно да се овозможи ефикасен и координиран пристап при процесот на дигитална трансформација на општеството кој ќе даде брзи резултати, но истовремено ќе се обезбеди оптимизиација на процесите и подобрување на јавните услуги“, се наведува во соопштението.

На состанокот, на кој учествуваше и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски,  Грковска потенцираше дека со воведувањето електронската лична карта, е-услугите ќе се поедностават и ќе бидат подостапни за граѓаните, а нивното користење најпрво ќе се овозможи за е-услугите во образованието, здравството, како и за услугите што ги даваат Министерството за економија и за труд и социјална политика.
„Експертите од Естонскиот центар за меѓународен развој, предводени од Кадри Масик извршна директорка, ќе бидат вклучени како поддршка при подготовка и предлагање решенија за подобрување на правната рамка на политики и институционалната рамка за дигитализација, со посебен акцент на воведувањето електронска лична карта, размена на експертиза и искуство во однос на моделите за интероперабилност и дигитализација на јавните услуги, и помош при развој и спроведување посебни ИТ-решение“, наведува Кабинетот на Грковска.

На состанокот е потенцирано дека од исклучително значење за Македонија е сите проекти кои, преку странски партнери се реализираат во земјава, да бидат меѓусебно координирани и комплементарни, за да не дојде до преклопување, но и за да се зголеми нивната ефикасност. 

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе