Грчко-македонската граница затворена осум месеци, забраната е продолжена до 14 декември

Грчката за уште две недели, до 14 декември, ја продолжи одлуката за забрана за влез на државјани на трети земји освен од државите на ЕУ и Шенген зоната и затворени копнени граници, со цел да се ограничи ширењето на коронавирусот.

Како што јавува МИА од Атина, првиот член од одлуката се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патни и железнички) поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот ковид-19 на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР-тест.

Овие гранични премини се отворени од 7 до 23 часот, а забраната не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, за товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и ЕУЛЕКС на Косово.

Во однос на камионите за транспорт на стоки, отворени се седум гранични премини, четири со Бугарија, и по еден со Северна Македонија, Турција и Албанија, а за возачите не важи задолжителната потврда за негативен ПЦР-тест.

Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од која било влезна точка, на кој било начин и со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на ковид-19 на грчка територија“.

Исклучок се земјите членки на ЕУ и Шенген зоната, како и жителите на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Уругвај, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како и сезонски земјоделски работници.

Конкретната министерска одлука вчера беше објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила вечерва една минута по полноќ, а станува збор за одлуките кои континуирано се продолжуваат во изминатиот период.

Копнените граници со Северна Македонија и Албанија се затворени веќе осум месеци.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе