Грчки министер нѐ кара дека не го спроведуваме Преспанскиот договор, а за нив сѐ уште сме БЈРМ

Пред десетина дена шефот на македонската дипломатија Бујар Османи доби укор од својот грчки колега Никос Дендиас дека во Македонија Преспанскиот договор не се спроведува доследно и дека новото име треба да го користат сите институции, и државни и приватни. Фотографијата што ја гледате е направена пред два дена во Леринско.

Дендиас побара и веб-порталите да го употребуваат името „Северна Македонија“, што е спротивно на самиот договор, каде што пишува дека тоа име не е задолжително за компаниите што не се финансираат од државата. А кај нив, во Грција, по сообраќајните знаци БЈРМ.

Неодамна и потписникот на договорот Никос Коѕијас нѐ нарече „славомакедонци“, што е спротивно на потпишаното. И во овој случај македонското Министерство за надворешни работи, иако вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа, не стори ништо.

Освен тоа, за грчкото Министерство за надворешни работи македонската нација и натаму е производ на Тито, зборот Македонија е грчки збор, а античките Македонци се Грци, пишува на официјалната интернет-страница на Министерството за надворешни работи на Грција за Северна Македонија.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе