Државен завод за статистика

Граѓаните можат да се попишуваат и на одредени пунткови во нивните општини

Граѓаните кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да се попишат ќе можат тоа да го сторат на одредени локации, односно пунктови во нивните општини што ги утврди Државниот завод за статистика (ДЗС). Заводот веќе го објави списокот со пунктовите на кои ќе можат граѓаните да се попишат. 

ДЗС ја понуди оваа можност со цел никој да не биде пропуштен во пописот, а граѓаните да можат „да ја завршат својата граѓанска и законска должност“.

Tоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.

Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Пописот официјално започна на 5 септември, а ќе трае до 30 септември.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе