Што содржи предлогот на Нимиц

Горна Република Македонија до членството во ЕУ, потоа референдум

Горна Република Македонија да биде името на Република Македонија во наредните 7-8 години сè додека траат преговорите за членство на земјава во ЕУ. Референдум за името да се организира заедно со референдум за членство во ЕУ.

Во Уставот на Република Македонија да се внесе амандман во кој ќе пишува дека „од денот кога Република Македонија ќе стане членка на Европската Унија меѓународното име на земјата ќе биде Горна Република Македонија и ќе се употребува erga omnes на сите јазици, освен на официјалните јазици на земјата”. Сите идентитетски прашања би се решавале во рамките на ЕУ-стандардите.

Порталот Нова ТВ денеска ги објави овие и други детали за содржината на последниот предлог на преговарачот на ОН Метју Нимиц , за кој Македонија и Грција треба брзо да одговорат.

Ако двете страни дадат согласност за компромисното решение, Грција треба да добие гаранција дека името ќе биде внесено во Уставот. Во тој случај, двете страни се откажуваат од разговори околу тешките идентитетски прашања околу називот на нацијата и јазикот и тие би се регулирале во рамките на ЕУ, каде што Македонија како земја-членка во иднина ќе го развива својот идентитет. Тогаш во НАТО би влегле како Горна Република Македонија и со ова име ги почнуваме и преговорите за членство во ЕУ.

Во ЕУ секоја земја-членка официјалниот јазик го внесува во оригиналниот назив на официјалното писмо што таа го користи, односно македонскиот јазик би бил македонски во кирилична верзија. Грција, пак, атрибутот македонски ќе го користи во неговата грчка верзија македонос. Сите други прашања околу ова би се решавале во текот на преговорите со ЕУ.

На последната средба во Њујорк било договорено дека наредниот состанок би требало да се одржи во почетокот на мај. Тоа значи дека двете земји треба брзо да го срочат одговорот на овој план.

Порталот Нова ТВ објавува дека овој предлог на медијаторот Метју Нимиц бил изработен со поддршка на администрацијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, со САД и други држави, а претходно, во септември минатата година, за ова биле консултирани и премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Грција во презема претседателството во ЕУ во јануари 2014 година. 

Доколку не бевме неприфатени, оспорувани, игнорирани или посвојувани како Македонци, изјавата на Бејли ќе беше неважна, периферна... ако не и смешна.

повеќе

(Повод: Најновата провокација на Артан Груби, коалициски партнер од ДУИ и пратеник во Собранието на Република Македонија платен од буџетот на државата)

повеќе

Не познавам друга Полска освен онаа во транзиција – се родив на денот на последниот празник на Народна Република Полска, 22 јули 1989 година, месец и пол после првите делумно слободни парламентарни избори.

повеќе