„Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, а со господинот Мицкоски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот!“, изјави вчера Заев.
Најпрво Али Ахмети, лидерот на ДУИ не го прифати овој предлог, а потоа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека не прави пакт со криминал и криминалци.