Гласачките места отворени навреме во Маврово - Ростуше

Гласањето за избор на градоначалник на територијата на општина Маврово Ростуше утрово започна навреме и изминативе два часа се одвива непречено, информираат од ОИК. Граѓаните ќе гласаат во еден круг, со оглед дека има двајца кандидати.

Фото: МКД.мк

„Сите избирачки места се отворени навреме и гласањето од утрово се одвива без забелешки. Материјалите, потребни за спроведување на изборниот процес се распределени навреме и не очекуваме некаков застој или прекин во текот на денот, изјави Ивана Ѓорѓевска претседател на ОИК.

Гласањето во Маврово и Ростуше го спроведуваат 33 избирачки одбори. Право на глас во оваа општина имаат 9.948 граѓани. Изборите за градоначалник беа распишани откако во два наврати не беа исполнети условите. Вчера гласот го дадоа 40 болни и немоќни лица.

МИА

Легенда под Главна слика

Фото: МКД.мк

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе