Гир му го предаде Извештајот на Европската комисија за Македонија на Ковачевски

Денеска на средба во Владата на Република Македонија амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир го предаде Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2022 година, на премиерот Димитар Ковачевски.

На состанокот на кој се дискутираше за Извештајот и очекувањата за текот на евроинтеграцискиот процес на државата и нејзината подготвеност, присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Премиерот Ковачевски на состанокот истакна благодарност до Европската Унија за препознатиот напредок на земјата во повеќе области и посочи дека ќе следи детална анализа на Извештајот со која ќе се утврдат областите на кои ќе треба поинтензивно да работиме.

Премиерот Ковачевски истакна дека Република Македонија останува со силна заложба за спроведување на реформските процеси и целосно усогласување на домашното со европското законодавство.

Премиерот Ковачевски посочи дека стратешка цел на Владата е Република Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија. Овој процес веќе го започнавме летово и очекуваме тој да се финализира до 2030 година.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе