„Македонија е најподготвена во областа на основните права“

Гир - Димитров: ЕК очекува прва меѓувладина конференција со Македонија до крајот на годинава

Средната оценка од 3,02 во областите и поглавјата од Кластерот 1 – темели/фундаменти во Извештајот на Европската комисија покажува дека имаме најголема подготвеност со, дури и во однос на земјите кои повеќе години преговараат за членство - Србија со средна оценка од 2,68 и Црна Гора со средна оценка од 2,83, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Според него, споредливоста на напредокот и вкупната подготвеност не е за да се фалиме колку сме направиле, туку токму во насока за да има еден вид реформски натпревар во нашиот регион.

Димитров на денешната прес-конференција рече дека имаме солидно ниво на подготвеност и во Кластерот 3 – конкурентен и инклузивен раст.

„На исто рамниште со Црна Гора, кои веќе ги имаат отворено поглавјата од овој кластер и со Србија, која пак доби препорака за отворање на поглавјата од овој кластер. Оваа констатација за ниво на подготвеност важи и за Кластерот 4 – зелена агенда и одржлива поврзливост, каде сме исто рангирани со Србија, каде Комисијата даде препорака за отворање на овој кластер“, посочи Димитров.

Во Кластерот 5 – ресурси, земјоделство и кохезија, како што рече, земјата е прворангирана во регионот со средна оценка од 2,8, додека двете земји кои веќе преговараат имаат оценка 2,6.

„Од наша гледна точка формалниот почеток на пристапните преговори ќе биде огромен политички поттик. Поттик за спроведување на подлабински реформи, со забрзана динамика, не само со усогласување на правото со ЕУ, туку и во суштинска имплементација на усвоената легислатива. Oценката за вкупната подготвеност на земјата за 2021 година е 3,11 или описно – добро ниво на подготвеност. Од аспект на остварениот напредок, задржано е темпото на напредок или има подобрување во 29 од вкупно 30 области, додека во останатите десет има помал напредок, во однос на напредокот во минатиот извештај. Од аспект на подготвеност во 90 проценти од областите имаме делумна или добра подготвеност за членство“, изјави Димиртов.

На заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир, Димитров, оцени дека Извештајот е објективна, сеопфатна и реална анализа на состојбите, остварениот напредок и вкупна подготвеност, но и наша референтна точка што ги диктира реформите од европската агенда.

„Ова е јасна и недвосмислена потврда дека во време на сериозни предизивици, и во однос на пандемијата, но и специфичните политички предизвици со кои се соочуваме, со посветеност и упорност успеваме да задржиме високо ниво на подготвеност за членство. Имаме високо ниво на вкупна подготвеност и солидно темпо на напредок во споредба со минатата година. Од политичките пораки, јасно е дека е крајно време да се почне пристапниот процес, за што самата ЕК вели, дека влијае многу негативно на кредибилитетот на ЕУ во регионот“, додаде тој.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, на почетокот го претстави Извештајот на ЕК за напредокот на земјата на 113 страници и кажа дека „Европската комисија потврди дека Република Северна Македонија ги исполнува критериумите да ги почне преговорите за членство и смета  дека одложувањето има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ“.

Гир исто така го пренесе заклучокот на ЕК дека се очекува првата меѓувладина конференција со која би бил означен стартот на преговорите со Северна Македонија да се одржи до крајот на годинава. Затоа, како што кажа, треба да бидат засилени напорите за решавање на прашањето со Бугарија, а треба да продолжи и имплементацијата на билатералните договори со Бугарија и со Грција, од сите страни потписници.

„Земјата покажа цврста решеност да напредува кон ЕУ, одржува чекор во реформите и има резултати. Треба да продолжат напорите поврзани со борбата против корупцијата, владеење на правото и реформа на администрацијата“, порача Гир.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе