Дали партијата на Гаши ќе го зајакне владејачкото мнозинство

„Ги анализираме актуелностите на политичката сцена“, велат од Алтернатива за МКД.мк

„Сите гласини во јавноста се шпекулации и обиди да се врши притисок врз Алтернатива", изјавија од партијата за МКД.мк на прашањето дали Алтернатива поради изборните резултати остварени во коалиција со Алијанса за Албанците ќе премине на страната на парламентарното мнозинство на СДСМ и ќе земе учество во Владата.

Фото: Архива

Овие гласини, како што ги оценуваат во Алтернатива, особено се засилија откако вчера генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа најави можност неговата партија да ја напушти Владата, а со тоа и актуелното мнозинство во парламентот, незадоволни поради тоа што ДУИ не ги повлече приговорите за изборите за градоначалник на Желино, а Државната изборна комисија донесе одлука да се прегласува.

Кандидатот на Беса за градоначалник беше победник во Желино со само 69 гласови повеќе во однос на кандидатот на ДУИ. Доколку изборниот успех не биде повторен, Беса ќе остане само со победата во Тетово, каде функцијата градоначалник вчера ја презеде партискиот лидер Биљал Касами. Таквиот исход на раководниот тим на СДСМ, по најавената оставка на премиерот и лидер Зоран Заев, дополнително ќе му ја влоши можноста да ги хармонизира односите во Владата и нејзината стабилност, нарушени по лошите изборни резултати.

Партијата Алтернатива, која на локалните избори настапи во коалиција со Алијанса за Албанците, а која во Собранието на Македонија има четворица пратеници, по вториот изборен круг се најде под лупата и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ страхувањата се дека Алтернатива, незадоволна од изборниот резултат, може да ги напушти опозициските клупи и со тоа да ги урне надежите на партијата на Мицкоски за создавање на ново парламентарно мнозинство. Уште повеќе затоа што е очигледно дека односите меѓу Алтернатива и Алијанса не се на истото ниво како пред изборите.

СДСМ пак, настојува да ја придобие Алтернатива во редовите на актуелното мнозинство имајќи предвид дека владината партија Беса се закани со можно напуштање на власта, а во тој случај тројцата пратеници од Беса можат да бидат клучни ВМРО-ДПМНЕ да ја добие политичката сила во парламентот. Па сепак, се чини на Мицкоски ќе му биде тешко и во таков случај да обезбеди парламентарно мнозинство.

Доколку Алтернатива влезе во Владата, а Беса замине во опозиција, тогаш бројот на опозициските пратеници ќе биде намален за еден пратеник, бидејќи откако лидерот на Беса Биљал Касами вчера ја презеде функцијата градоначалник на Тетово, на неговото пратеничко место во Собранието за пратеник доаѓа кадар на СДСМ. А тоа значи наместо четворица, Беса има тројца пратеници.

Во Алтернатива не сакаат да ги коментираат најавите на Беса, ниту пак, како што велат, шпекулациите дека ќе се приклонат кон актуелната власт, имајќи предвид дека во прв план партијата која ја раководи Африм Гаши ги има евроинтеграциите, а преку нив и почитувањето на договорите со Грција и со Бугарија, што кај ВМРО-ДПМНЕ, и покрај најновите изјави на Мицкоски дека „Преспанскиот договор е завршена работа", не е сосема јасно изразено.

На сите прашања кои ги упативе до партијата на Гаши, од типот дали Алтернатива ќе ја растури опозициската соработка и ќе ги зајакне позициите на , владата на СДСМ, за МКД.мк кусо велат: „Деновиве во органите на партијата ќе се дискутира за резултатите на изборите, како и другите актуелности во политичката сцена и ќе го соопштиме нашиoт став. Сите други гласини во јавноста се шпекулации и обиди да се врши притисок врз Алтернатива".

П.Џ.

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе