Генералот Ангелов го потсети претседателот Пендаровски на иницијативата за одликувања за бранителите од 2001-та

Воедно, да најавам и прашам, кога на ред за одликување ќе стигнат живите македонски херои, бранителите од 2001-та кои храбро и пожртвувано ја бранеа татковината, се бореа за Македонија, го праша денеска генералот Стојанче Ангелов претседателот Стево Пендаровски.

Генералот Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил го потсети македонскиот претседател Стево Пендаровски на иницијативата на партијата Достоинство од февруари годинава за одликување на бранителите кои ја предводеа одбраната на Македонија во 2001-та година. Ова потсетување, претседателот на Достоинство го објавува по вчерашната најава на Пендаровски за одликување со Орден за воени заслуги на сите храбри припадници на нашата Армија кои биле во мисија во Авганистан.

„Да потсетам и прашам до каде е иницијативата за одликување на тројцата наши, починати, армиски и полициски генерали, кои ја предводеа одбраната на Македонија во 2001-та, иницијатива поднесена од Достоинство во февруари оваа година?

Воедно, да најавам и прашам, кога на ред за одликување ќе стигнат живите македонски херои, бранителите од 2001-та кои храбро и пожртвувано ја бранеа татковината, се бореа за Македонија?

Почитуван претседателе, некои зли јазици, свесно или несвесно, плански или не, почнаа да шират невистини за нарушени односи меѓу нас. Верувам знаете вие, нека знаат и тие, мојата почит кон Вас постоела, постои и ќе постои, а мојата слобода јавно да искажам засега различен став од вашиот, за иницијатива која е од огромно значење за нас бранителите, зборува само за мојата верба во вашиот висок демократски капацитет и почитување на различното мислење.

Почитуван претседателе Пендаровски, очекувам брза средба со вас, да седнеме на раат, заедно да ја разгледаме нашата иницијатива. Овојпат ве барам во име на поголемиот дел македонски бранители, а не како директор на ЦУК. А мнозинството од нас бранителите, не бараме ништо друго освен едно обично благодарам од врховниот командант на вооружените сили на нашата татковина, Македонија. Татковина за која се боревме, татковина за која крваревме, татковина за која бевме подготвени да умреме“, напиша на својот фејсбук профил Стојанче Ангелов.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе