Бугарската министерка брифира

Генчовска: Македонски јазик не признавме и такво нешто ќе нема во документите во ЕУ

Позицијата на Бугарија со договорот со Северна Македонија не се менува и не отстапува од тоа што го утврди Народното собрание, со едностраната декаларација истакнуваме дека нивниот официјален јазик не признаваме и тоа ќе биде забележано во секој документ во интегративниот процес на Северна Македонија со ЕУ, истакна денеска министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.

„Сепак, тоа е малку поспецифично во контекст на другите 26 земји членки на ЕУ. Тие имаат свој став и ние не можеме на кој било начин да ги обврземе да ја прифатат нашата официјална позиција. Но нашата позиција е загарантирана како што е формулирана според договорот", рече Генчовска на брифинг по потпишувањето на билатералниот протокол на кој потпис денеска во Софија стави и македонскиот министер Бујар Османи.

Од тимот на Генчовска во тамошното Министество за надворешни работи на брифингот е додадено дека е важно што „отсега ниту еден документ, во процесот на приклучувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, не може да биде прифатен како бугарско признавање на постоењето на т.н. македонски јазик и тоа е јасно опишано во едностраната декларација што Бугарија ќе ја претстави во понеделник за време на состанокот на Постојаниот комитет".

Генчовска нагласила дека дека потпишаниот документ не е посебен, туку е составен дел од пакетот на францускиот предлог.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе