Гаши: Се собравме да докажеме дека имаме парламентарно мнозинство

Се собравме да докажавме дека имаме парламентарно мнозинство. Ќе поднесеме и иницијатива за гласање на недоверба на Владата, изјави вечерва лидерот на Алтернатива Африм Гаши, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека има ново парламентарно мнозинство.

Се собравме да докажеме дека имаме 61 пратеник со што ќе покренеме иницијатива за недоверба на влада. Понатаму ќе видиме како ќе течат процесите, изјави Гаши за ТВ Сител по излегувањето од Собранието.

Според првиот човек на Алтернатива, денеска имало иницијатива за собирање потписи за интерпелација на Владата и тие како опозиција се потпишале, а потоа и се фотографирале за да докажат дека тие потписи се собрани.

Ние како опозициска партија и коалиција нормално е дека се потпишавме на тоа и денеска пред крајот на денот, еве пред малку сите заедно ние што ги ги претставуваме тие партии седнавме, направивме една фотографија за докажеме дека тие потписи се собрани. Сега за сега тоа е единствената вест. Како ќе тече понатаму процесот ќе видиме, очекуваме да видиме како ќе реагираат и другите пратеници, рече Гаши.

Не станало збор за формирање Влада, туку, како што појасни, ова е прв процес за изгласување недоверба на Владата.

Процесот се одвива заради интерпелација на Владата. Ако се изгласа недоверба тогаш почнуваат други рокови и тогаш почнува процесот за тоа кој ќе биде мандатар, каква влада ќе се состави. Тогаш ќе седнеме пак и ќе разговараме, но е битно да знаете дека Алтернатива нема да биде дел од Влада која би се повлекла од евроалтантските процеси интеграции. Мора нашата држава да застане, да опстане члнека на НАТО да ги зацврстиме нашите однсои , а европските интеграции мораме да ги забрзаме што побргу можеме. Ако некоја партија дел од Влада со тоа условува ние нема да бидеме дел од таква влада, рече Гаши.

Претходно претседателот на Левица Димитар Апасиев и генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари при излегување од Собранието во изјава потврдија дека има ново парламентарно мнозинство.

Да, има ново мнозинство. Тоа е официјално. Имаме 61, со тенденција до 64, рече Апасиев одговарајќи потврдно на прашањето дали новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица.

Ново мнозинство, 61, рече Таравари исто така на новинарско прашање.

Мицкоски во објава на својот фејсбук профил напиша „имаме ново парламентарно мнозинство, споделувајќи заедничка фотографија во Собранието со лидерот на Левица Димитар Апасиев, генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и генералниот секратар на Алијанса на Албанците Арбен Таравари.

Парламентарното мнозинство брои 61 пратеник, но од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат зголемување на бројот на пратеници во мнозинството.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе