„Парламентарното мнозинство е стабилно и функционира нормално. И покрај повиците на македонската опозиција, оваа власт продолжува до 2024 година.
Ајде да продолжиме...“.
Минатата недела Скендер Реџепи - Зејди соопшти дека ја напушта Алтернатива и дека во Собранието на Македонија ќе продолжи да дејствува како независен пратеник.
И без него, во Алтернатива и во Владата сметаат дека не е загрозено владејачкото мнозинство, а од СДСМ велат дека тоа брои 64 од вкупно 120 пратеници.