Лидерот на Алтернатива преку Фејсбук

Гаши: Имаме стабилна Влада, ајде да продолжиме до 2024 година

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши по вчерашната средба на коалициските партнери на СДСМ во Владата со премиерот и лидер на Социјалдемократите Димитар Ковачевски преку својот Фејсбук порача: „Да продолжиме до 2024 година“ и објави една фотографија од состанокот.

„Парламентарното мнозинство е стабилно и функционира нормално. И покрај повиците на македонската опозиција, оваа власт продолжува до 2024 година.
Ајде да продолжиме...“.

Минатата недела Скендер Реџепи - Зејди соопшти дека ја напушта Алтернатива и дека во Собранието на Македонија ќе продолжи да дејствува како независен пратеник.

И без него, во Алтернатива и во Владата сметаат дека не е загрозено владејачкото мнозинство, а од СДСМ велат дека тоа брои 64 од вкупно 120 пратеници. 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе