Пред средбата со Заев

Гаши: Алтернатива е подготвена да помогне ако се договориме за концептот за излез од кризата

За Алтернатива се битни политичките критериуми и новиот концепт за излез на земјата од кризата, а министерските места се вториот, секундарен, односно понебитен дел, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, пред почетокот на втората средба со премиерот Зоран Заев за влез на партијата во Владата.

„На последниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива се  договоривме, дојдовме до заеднички став да дадеме шанса на излезот од политичката криза, шанса земјата да излезе од енергетската и здравствената криза и најважно сакаме да помогнеме државата да не ја изгуби историската шанса за започне преговори за членство во ЕУ.  

Ќе видиме каков е концептот на премиерот и сегашните партнери и што очекува од нашиот придонес во идната влада. Ако успееме да изградиме нов концепт, поголеми промени, мислам дека Алтернатива е подготвена да помогне“, рече Гаши.   

За тоа дали Димитар Ковачевски е прифатливо име за премиер на државата, Гаши кажа дека тоа е одлука на СДСМ.

„Не е одговорно ние да бараме од друга партија кој ќе биде мандатар или премиер. Тоа е работа на СДСМ, таа е најголема партија и тие треба да одлучат за тоа“, вели Гаши.

Прашан дали ќе го бараат Министерството за здравство како ресор, тој кажа дека нема да се разговара за тоа на средбата со премиерот Зоран Заев туку само за концептот.

Во однос на можноста за предвремени избори, тој рече дека интерес на сите граѓани е да нема брзи избори.

Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19 ноември разговараа за условите и улогата на Алтернатива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе