За Фрчкоски минатиот месец беше дадена согласност во Владата, по што веднаш била започната процедурата за обезбедување на агреман и се чекал одговорот. Но, високи дипломатски извори потврдуваат дека согласност од Вашингтон не е добиена.
Нашите извори не откриваат детали зошто Фрчкоски е неприфатлив за Соединетите Американски Држави - дали на тоа влијаеле неговите поранешни политички ангажмани или е нешто друго во прашање.
Фрчкоски не е член на СДСМ, но во изминатите децении бил на високи државни функции - министер за внатрешни работи во времето на атентатот врз претседателот Грлигоров, потоа и министер за надворешни работи, советник на поранешни претседатели...
Тој е универзитетски професор, а од неодамна го напуштил Правниот факултет на УКИМ и сега е ангажиран на приватниот универзитет ФОН.
Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски
А.Д.