Народно собрание на Бугарија

Францускиот предлог утре на дневен ред, денеска расправа за доверба кон премиерот Петков

Таканаречениот француски предлог за кревање на бугарското вето кон Македонија утре попладне треба да се најде на дневниот ред на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија. Според најавата, на седницата ќе биде претставен и ставот на бугарското МНР за записникот од заедничката средба согласно членот 12 од Договорот со Македонија од 2017 година, како и пакет документи на Претседателството со Советот на ЕУ во врска со процесот на проширување на ЕУ. Но денеска во тамошното Собрание на дневен ред е довербата кон премиерот Кирил Петков.

Инаку за денеска во бугарското Собрание е закажана седница на која ќе се гласа за доверба на Владата на премиерот Кирил Петков.

Петков утрово при пристигнувањето во Народното собрание на Бугарија изјави дека е оптимист дека неговата влада ќе го преживее гласањето за доверба.

За да опстане, Владата на Петков мора да добие поддршка од најмалку 121 од вкупно 240 пратеници во Собранието. Расправата по иницијативата ќе се води денеска во Народното собрание, а гласањето треба да се одржи 24 часа по нејзиното завршување во среда навечер или четврток претпладне.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе