Францускиот предлог денеска нема да се најде на седница на Владата

За францускиoт или предлогот на француското претседателство за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ денеска Владата на Македонија нема да заседава, потврдуваат извори од Владата.

Вчера Талат Џафери, претседателот на Собранието најави дека до крајот на неделава можно е да се одржи пленарна седница за францускиот предлог.

Од вчера на владината интернет страница предлогот е преведен и на македонски јазик.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера од протестот пред Владата најави дека предлага да се  формира парламентарна работна група која ќе ги разгледува сите точки од францускиот предлог.

Претходно работна група во Собранието најави и претседателот на ДС Павле Трајанов. Според Трајанов, во работната група би партиципирале по двајца пратеници од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ и по еден пратеник од ДУИ и од помалите партии. Работната група би требало да работи на усогласување на заклучоците кои Собранието треба да ги донесе за францускиот предлог.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе