Француски „Либерасион“: И покрај напредокот, Северна Македонија останува пред вратите на ЕУ

Париски „Либерасион" во своето викенд издание се осврнува на блокираниот пат на Северна Македонија кон Европската Унија. -Од 2017 година, оваа мала балканска земја е вклучена во процес на либерални реформи, но Грција, потоа Франција и сега Бугарија одбија да и дозволат да го започне својот процес на приклучување кон Европа, пренесува „Либерасион". Според анализата на весникот, ова блокада од страна на Бугарија се должи и на претстојните парламентарни избори во оваа земја, јави дописникот на МИА.

„Во Европа, Северна Македонија е земја што најмногу се подобрува во однос на слободата во 2020 година, ова е според извештајот на Фридом Хаус, објавен на 3 март. Американската невладина организација годишно го проценува степенот на јавни слободи и политички права по држава, што ги составува во „скор на слободата". На картата објавена од Фридом Хаус, Северна Македонија се издвојува по својата светло зелена боја, што укажува на рејтинг зголемен за три поени. Пред сè, тоа покажува напредок во однос на изборниот процес и функционирањето на владата. Невладината организација продолжува да ја рангира меѓу „делумно слободните" земји со резултат 66/100 (потребно е да се добијат повеќе од 70/100 за да се квалификува како „слободна"), но земјата е во контраст со соседите, сите во регресија“, нагласува париски „Либерасион".

Во срцето на Балканот, Северна Македонија и нејзините 2,1 милиони жители уживаат силен либерален елан од 2017 година и доаѓањето на власт на социјалдемократската коалиција, заменувајќи го десното популистичко мнозинство.

„Ова овозможи да се отворат одредени  врски помеѓу извршната власт, медиумите, деловната заедница и разузнавачките служби“, пишува Надеж Рагару, директорка за студии на политички науки од Париз и автор на книгата „И бугарските Евреи беа спасени… :Запознавање со историјата за холокаустот во Бугарија".

„Мотивирана од аспирацијата за членство во Европската Унија (ЕУ), Владата на Зоран Заев презема амбициозни реформи, од кои најзначајна е промената на името на земјата. Во февруари 2019 година, Македонија станува Северна Македонија и со тоа решава дваесет и седумгодишен спор со соседна Грција“, потсетува парискиот дневен весник.

По договорот, Атина го укина ветото за членството на земјата во ЕУ. Но, во октомври 2019 година, Франција од нејзина страна се спротивстави на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија.

Позицијата на Париз тогаш беше критикувана од неколку европски канцеларии, кои го нагласуваа и напредокот на земјата во однос на почитувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Франција конечно го укина ветото во март 2020 година, условувајќи го со реформа на процесот на пристапување.

Но, од ноември, Бугарија е таа што стои на патот на Северна Македонија. Сепак, потребно е едногласноста на дваесет и седумте да започнат преговорите за членство, објаснува понатаму „Либерасион".

Бојко Борисов, шефот на бугарската влада, одлучи да стави вето неколку месеци пред законодавните избори, што ќе се одржат во март во неговата земја, повикувајќи се на историски спорови: јазикот, националниот идентитет,  или наследството на хероите од ХХ-от век.

Во Софија „во моментов има коалиција меѓу популистичката десница и ксенофобичната крајна десница, која беше ослабена од многу  големата социјална мобилизација помеѓу јуни и октомври. Владата одговори со уште пожесток патриотски говор ", анализира Надеж Рагару за „Либерасион".

Патот на Македонија кон ЕУ сега е блокиран од земја впуштена во однесување, кое понекогаш е квалификувано како авторитарно – невладината организација Фридом Хаус на Бугарија и го намали резултатот за два поени, додава „Либерасион".

Во исто време, „Северна Македонија не престана да оди подалеку во компромисот" со својот бугарски сосед, вели Надеж Рагару. Директорката за истражување на „Сцианс По" ја поздравува „храброста на македонскиот премиер, бидејќи неговите отстапки вклучуваат нешто длабоко во идентитетот на неговите сограѓани и тие го ослабуваат политички". Зоран Заев има само тесно мнозинство во парламентот и десничарската популистичка опозиција обвинува за национално предавство.

„Ако Европската унија не е во можност да го награди напредокот на добрите ученици на Балканот, како тој на Северна Македонија, таа го губи својот кредибилитет“, подвлече Зоран Нечев од Центарот за европска интеграција. Особено што во рамките на дваесет и седумте земји членки на ЕУ, неколку земји си зедоа  слободи во однос на владеењето на правото и јавните слободи.

„Од разочарувањата од членството во 2004 и 2007 година, европските играчи се многу построги“, признава Надеж Рагару. Но, влогот лежи повеќе во асиметријата на третманот помеѓу старите членки на Унијата и новите. Од причини на културализмот, имаме тенденција да ги гледаме подобро дисфункциите во државите кои неодамна се приклучија на ЕУ отколку кај историските членки ".

„Кај Македонци, оваа серија разочарувања се претвора во одредена одбивност“, нагласува на крајот „Либерсасион". Парискиот весник притоа потсетува на последното истражување во Република Северна Македонија, од кое произлегува дека една третина од жителите се убедени дека земјата никогаш нема да влезе во Унијата. Бидејќи дури и ако Бугарија конечно го укине ветото, интеграцијата во заедницата е долгорочен процес: според новата важечка методологија, земјата-кандидат мора да ги потврди 33-те поглавја (од закони за трговски друштва се до заштита на околината) за да може да влезе во клубот. 

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе