По отворањето на бугарски здруженија

Формирано cоветодавното тело кое ќе дава мислење за имињата на здруженијата

Советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице денеска ја одржа првата конститутивна седница на која беа избрани членовите и претседателот на ова тело. Телото ќе работи се' до донесување на новиот закон за здруженија и фондации

За претседавач на Советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице Владата едногласно го избра Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а заменик-претседавач ќе биде Билјана Мицковска од Министерството за економија.

Советодавното тело има седум постојани членови кои се номинирани од самите институции, а двајца дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции зависно од личноста за која ќе се дискутира.

Постојани членови на телото се д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот,,Св. Кирил и Методиј"-Скопје, д-р Бобан Петровски, редовен професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје-за прашања од антички период и среден век, д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје-за прашања од нов и најнов век, Академик Драги Ѓоргиев, редовен член на МАНУ, Антонио Павлоски, посебен советник во Министерство за култура, Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи при Министерството за економија, Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева-регистратор во Централниот регистар.

Како што соопшти Владата, улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи. Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на месец март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање.

Формирањето на ова советодавно тело доаѓа по предлог на министерот за правда Никола Тупанчески. Како што изјави тој претходно, целта на формирањето на ова тело е да се превенира, да не се повторат некои состојби или ситуации што претходно се случуваа а значат повреда на чувствата на македонскиот народ или воспоставување, етаблирање на имиња кои што имплицираат

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе