Реакција

ФИТР: Иновацијата за пицата „пинса романа“ е во уникатната диетална рецептура

Фондот за иновации и технолошки развој реагира на изнесените невистини и шпекулации за дел од нивните одлуки. Од Фондот велат дека средствата доделени на компанијата на Рубинчо Заревски „Солар груп“ се однесува на иновација поддржана во рамки на проектот Фарма аналитик. За доделените средства за рецептот за „пинса романа" од Фондот велат дека се работи за иновативни производи од алијанската традиционална стара кујна, по подобрени уникатни рецептури, безглутенски нискокалорични, диетални рецептури.

 

Компанијата Рамаззоти фоод која е носител на проектот „Пинса романа" е стартап компанија основана пред две години, од двајца Италијанци и гостиварчанец кој целиот свој живот го поминал во Италија. Тројцата партнери се вратени во државата и инвестираат во иновативни производи од алијанската традиционална стара кујна, по подобрени уникатни рецептури, односно 100% природни, безглутенски нискокалорични, диетални рецептури, објаснува Фондот за иновации и технолошки развој по објавените сомневања за несоодветно доделените пари.

„Вообичаено, тестото за пица е полно со глутен, ГМО, шеќер, маснотии, висококалорично, полно со адитиви и конзерванси. Компанијата „Рамаззоти фоод“ е креатор на рецептура со измешани разни типови на брашно, односно тесто од оризово брашно, со додаток на соино и пченично брашно во мали количини. Станува збор за уникатно  тесто, кое се замесува со вода, со зачини, и е 100% природен производ, без глутен и без масти, лесна и нискокалорична тестенина“, ја објаснува одлуката за доделување средства за овој рецепт ФИТР.

 

За сомневањата за партиска поврзаност за доделените средства за компанијата на Рубинчо Заревски, од Фондот велат дека се работи за стартап компанијата „Солар груп“, поддржана со проектот Фарма аналитик.

„Проектот подразбира креирање на ПАН- иновативен паметен пребарувач и дигитална платформа, со која ќе се одговори на аналитичките потреби на фармацевтските и здравствените компании (закони, прописи, цени на лекови итн) во Северна Македонија, со висок потенцијал да се прошири и на земјите од регионот. Процесот во моментов се води сo рачно пребарување на податоците, а ПАН-проектот целосно ќе го автоматизира и интегрира процесот на собирање на податоци. Освен тоа, платформата ќе ја оптимизира работата за пресметки на цените на лековите во денарска противредност, ќе ги елиминира грешките, ќе ги намали трошоците и ќе го подобри процесот на планирање на сите учесници во секторот за фармација. Компанијата Солар груп во проектот ќе кофинансира со 412.000 денари, додека поддршката од ФИТР изнесува 2.331.200 денари“, се вели во одговорот на Фондот.

Оттаму објаснуваат дека уште од 2018 година секој апликант мора да даде и изјава за сопственичка структура, секоја компанија има обврска да наведе дали во сопственичката структура има лице, носител на јавна функција или член на потесно семејство.

„Рубинчо Заревски кој е управител на Солар груп, во доставената изајва за сопственичка структура не се декларирал како носител на јавна функција, ниту има наведено носител на јавна функција во потесното семејство. Иако сопственичката структура не е критериум при одлучувањето, ФИТР го воведе овој документ со цел комплетна транспарентност за работењето, кредибилитетот на целиот процес при спроведување на јавните повици и детектирање на евентуален конфликт на интереси“, се вели во одговорот на ФИТР. 

Од Фондот уште еднаш потенцираат дека критериумите за евалуација на предлог-проектите според кои финалната одлука ја носи независното тело Комитет за одобрување на инвестиции, составен од петмина странци се: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим и потенцијал на пазарот и влијание.

„Ние сме единствената институција во државата која го мониторира секое евро инвестирано во секоја компанија. Процесот на мониторинг го водат дури 5 интернационални компании. Како што повеќе пати сме информирале, никој од вработените на ФИТР не учествува во процесот на селекција на компаниите кои ќе добијат финансиски средства. 

Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од 3  домашни стручни лица. Секоја компанија која има над 51 поен, поминува во финална селекција, а финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 светски експерти. Марвин Лиао, оретседателот на КОИ е поранешен директор на Јаху, а и самиот има инвестирано во над 400 стартапи“, појаснуваат од ФИТР.

 

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе