За „Трилинг“

Фити: Бугарите не треба да се фрустрирани дека во Втората светска војна биле во сојуз со Хитлер

Историска вистина е дека Бугарија во време на Втората Светска војна беше на погрешната страна во сојуз со Хитлер. Бугарите не треба да бидат фрустрирани од тоа, тоа е историја и не може да се менува. Денес никој не вели дека Бугарија е фашистичка земја, вели поранешниот претседател на МАНУ, академик Таки Фити.

Во интервју за „Трилинг“ Фити изјави дека Бугарите биле окупатори, не може да се каже дека не била окупирана територијата на Македонија, а самиот чин на влегување во Македонија значеше окупација.

„Не беа тие ослободители или тоа било администрација, чисто административно Хитлер им рекол ‘влезете‘. Тоа беше чин на окупација“, вели Фити.

Но, како што додава, не сите членови на Бугарската академија на науките (БАН) застанале зад политиката на бугарската влада, како и дека МАНУ и БАН реализирале педесетина научни програми, преведени на двата јазици, македонски и бугарски. Соработката особено се интензивирал после договорот меѓу поранешните претседатели на двете академии, Камбовски и Воденичаров и немало никакви проблеми меѓу академиците, никој не спомнал дека не постои македонски јазик и слично.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе