Инспекциски совет

Филиповска-Грашкоска: За една недела издадени се 14.664 решенија за изолација

Во ноември инспекторите изрекле осум прекршочни пријави, 16 платни налози, 30 решенија, а донесени се 39.858 решенија за изолација на заболени лица од коронавирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице, информира на денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Во периодот од 16 до 22 ноември, како што кажа Филиповска-Грашкоска, инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) извршиле вкупно 96 надзори од кои 72 се по однос на здравствените протоколи и во изминатите седум дена ДСЗИ издаде вкупно 14.664 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на ковид и лица кои биле во контакт со позитивно лице. Овие инспектори донеле и 11 решенија за констатирани неправилности врз основа на спроведените надзори.

„Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатата недела изврши 3.463 контроли и 553 надзори поврзани со материјалните закони и со здравствените протоколи за работа на угостителските објекти. Притоа поднесени се 27 прекршочни пријави, од кои две прекршочни пријави се поднесени против угостителски објекти по еден во Тетово и во Гостивар. Овие угостителски објекти не ги почитувале протоколите, односно истите работеле по 21 часот, поради што им е изречена забрана за работа и соодветна глоба. Дополнително, пазарните инспектори изрекоа 52 решенија и 25 прекршочни платни налози по останатите материјални закони по кои постапуваат“, соопшти Филиповска-Грашкоска.

Во истиот период Инспекторатот за транспорт извршил 57 надзори, при што се изречени 10 прекршочни пријави, три решенија и четири прекршочни платни налози за прекршување на материјалните закони, односно од извршените надзори по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести не се констатирани прекршувања.

„Државниот инспекторат за труд, пак, во истиот овој период спроведе 519 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори од страна на трудовите инспектори изречени се 27 решенија и еден прекршочен платен налог кои пред се се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи“, изјави Филиповска-Грашкоска.

Агенцијата за лекови и медицински помагала извршила 26 надзори во различни аптеки на територијата на целата држава и не се констатирани прекршувања на законските одредби или отстапувања од протоколите.

Агенцијата за храна и ветеринарство, пак, во истиот период спровела 386 надзори при што издадени се седум решенија и 22 едукации најчесто поради констатирани неправилности кои се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи и неправилно означување на производите.

Според Филиповска-Грашкоска, и покрај зголемениот број на контроли во месец ноември сепак се детектирани помал број на прекршувања на протоколите со што се потврдува дека зголемените надлежности на инспекциските служби го даваат својот резултат при почитувањето на овие протколи.

„За споредба во октомври кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на ковид протоколите од вкупно извршени 6.963 надзори и 6.123 контроли беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти кои не ги почитувале протколите, а во ноември по донесување на измените на законот констатирани се неправилности кај пет угостителски објекти“, додаде таа.

По речеиси еден месец од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на инспекторите од шесте инспекциски служби се извршени 10.274 контроли и 5.149 надзори.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе