„Неме да поднесам кандидатура за лидер на СДСМ. Немам таков интерес“, одговори Филипче на новинарско прашање.
На денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања во однос на информациите дека „Алијанса“ го бара ресорот здравство, рече дека сега се е во сферата на шпекулациите и дека во моментот фокусот е ставен на окрупнувањето на парламентарното мнозинство.
„Во однос на преговорите, сега сѐ е во сферата на шпекулациите. Тие сѐ уште траат во делот на усогласувањето на политичките ставови. И денеска премиерот има состанок со лидерот на Алтернатива после што ќе се соопштат ставовите. Сега фокусот е на окрупнување на парламентарното мнозинство“, изјави Филипче.