Влада

Филип Андов е новиот директор на „Шутка“, а Есад Рахиќ на „Нафтовод“

Македонската влада на денешната седница, на предлог на Комисија за именување, прифати повеќе кадровски решенија, соопшти владината прес-служба.

Николче Бабовски е разрешен од должноста директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Никица Бачовски е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Зоран Атанасов е разрешен од должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Драги Чавдаров е избран за независен и неизвршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост;

Бојан Лазаревски е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за филм;

Есад Рахиќ е разрешен од должноста в.д. директор на КПУ Затвор Скопје и е избран за управител на Трговско Друштво Нафтовод Дооел Скопје;

Филип Андов е именуван за вршител на должност директор на КПУ Затвор Скопје;

Менфи Илјази е разрешен од должноста директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Македонија, на негово барање, и е именуван за вршител на должност заменик координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.

Адмир Ујкановиќ е именуван за директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Македонија.

Зоран Исајловски е отповикан од управител на Трговско Друштво Нафтовод Дооел Скопје.

Фатмир Идризи го именува за заменик на директорот во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Владата ја прифати информацијата за оставката на Зоран Ѓорѓиев, од должноста директор на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми"- Скопје, и заклучи да му препорача на Управниот одбор на  ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми"- Скопје да ја именува Јулијана Николова за вршител на должноста директор на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми"- Скопје.

Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие Колекторски систем, за вршител на должноста заменик на директорот, да го именува Фатон Положани.

Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие Национална радиодифузија, за вршител на должноста заменик на директорот, да го именува Мухамед Цури.

На предлог на владината Комисија за именување, врз основа на евалуацијата на апликациите од јавниот повик и врз основа на програмите за работа, Владата прифати Сања Лукаревска да ја именува за директор на Управата за јавни приходи, Иљми Селами да го именува за заменик на директорот на Државниот завод за статистика, Јован Деспотовски за директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јовица Стојановиќ за директор на КПУ Затвор Идризово, Марјан Спасовски за директор на Управата за извршување на санкции и Ардиан Муслиу за директор на Државниот просветен инспекторат, орган во состав на Министерството за образование и наука.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе