Поддршка за Македонија

Европските либерал-демократи загрижени поради блокадата од Бугарија

Загриженост за прeговорите на бугарската влада и силна поддршка на европскиот пат на Северна Македонија изразува либерално-демократската група „Обнова на Европа" во Европскиот парламент, пренесува преку соопштение македонската Либерално демократска партија.

Според „Обнова на Европа", процесот на пристапување во ЕУ не треба да се користи од земјите-членки како моќ за добивање отстапки од соседите или за притисок за популистичка и националистичка агенда од домашни политички причини.

„Крајно време е да започнат разговорите за пристапни преговори меѓу Европската унија и Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија чекаа доволно долго. Во име на Групата Обнова на Европа, го повикувам Советот да ги усвои рамките за преговори што е можно побрзо, а особено Бугарија да престане да блокира и да го одложува почетокот на пристапните разговори. Среде пандемија, за Северна Македонија е поважно од кога било да го забрза процесот на реформи што ќе доведе до толку потребниот социјален и економски развој", рече Дачијан Чолош претседателот на Групата за „Обнова на Европа" пред видео-конференција на министрите за европски прашања, кои ќе разговараат за состојбата на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Европратеникот Илхан Кјучук од Движењето за права и слободи, кој воедно е известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, рече дека е многу е разочарувачки што Бугарија и Северна Македонија не можеа да најдат компромис и дека официјалниот почеток на пристапните преговори е блокиран.

„Тоа е безизлезна ситуација, која го поткопува целиот процес на евроинтеграција и не им служи на граѓаните на Северна Македонија. Бугарија и Северна Македонија се две многу блиски земји, кои делат заедничко минато и треба да делат заедничка иднина во ЕУ. Се разбира, дискусиите за историјата не се лесни и мора да продолжат со текот на времето, но главната одговорност ја имаат политичарите, кои мораат да покажат лидерство", појасни тој.

Исто така, Либерал-демократите од Југоисточна Европа обединети во мрежата ЛИБСЕЕН и дадоа безрезервна поддршка на Македонија.

На вондредна седница на Управниот одбор на ЛИБСЕН (LIBSEEN – Liberal South East European Network) заедно со лидерот на Евролибералите АЛДЕ, Ханс ван Бален се разговараше за состојбите во регионот, секако и за македонските евроинтеграции. Од страна на сите учесници уште еднаш беше искажана безрезервна поддршка за процесот на
интеграција на земјава во ЕУ, а во исто време, беше изразен револт за најавеното вето за отпочнување на процесот од страна на Бугарија. Според сите учесници, бугарската влада не постапува во духот на добрите меѓународни односи и првенствено во интерес на нивните престојни парламентарни избори, пренесе претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

„Дека треба да почнат пристапните преговори говореа и претставниците на сестринската бугарска либерално-демократска партија ДПС (Движењето за права и слободи), чии пратеници впрочем и не гласаа за последната резолуција на бугарскиот парламент со кои сесловенскиие просветители и нивото дело би се прогласиле за исклучиво бугарски", дополни Милевски.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе