СТРАЗБУР

Eвропскиот парламент усвои резолуција за Албанија, во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари

Европскиот парламент усвои резолуција за Албанија во која се потврдуваат правата на „бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“. Оваа резолуција за Албанија е донесена по предлог на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски.

Во текстот на резолуцијата се потврдуваат правата на бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора и се препорачува тие да бидат вклучени во законодавството на земјата и да бидат гарантирани во практика, јави бугарската агенција Фокус.

Ковачев за МКД.мк изјави дека „бугарското национално малцинство во Албанија е историски факт, а неговото признавање од страна на Европскиот парламент во никој случај не е антимакедонски чин“.

Европската слободна алијанса реагираше на резолуцијата велејќи дека Бугарија преку Албанија сака да си ја протурка агендата за непостоење на македонскиот народ.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе