ЕУ го следи прашањето со Русковска и Муареми, но вели треба да го решат надлежните органи

Европската Унија внимателно ги следи сите случувања поврзани со неодамнешните меѓусебни јавни обвинувања меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, но тоа е прашање што треба да го решат надлежните органи, велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје за МКД.мк по повикот на Русковска до надлежните државни институции и странски амбасади и меѓународни организации.

„Спроведувањето на владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за Европската Унија. Тоа е суштински дел од претстојниот преговарачки кластер за Фундаменталните вредности, кој прв ќе биде отворен во пристапните преговори со ЕУ. Применливите закони ги пропишуваат соодветните надлежности на националните власти и начините на нивната меѓусебна соработка, кои треба да се почитуваат. Ова прашање треба да го решат надлежните органи“, ни изјавија од Делегацијата на Унијата.

Русковска ги повика сите надлежни институции во земјава, но и меѓународните институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот“.

Во писмената реакција по завчерашниот брифинг на директорот на Управата на финансиската полиција, Муареми, на кој тој најави дека ќе поднесе кривична пријава против неа и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, Русковска нагласи дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешањето во предмет на Обвинителството, што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство.

Во одговор на повикот на Русковска вчера Амбасадата на САД во изјава за Телма оцени дека станува збор за тековен процес и е прашање што треба да го решат надлежните органи во државата.

 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе