По заканите кон новинари

Емил Јакимовски доби отказ од Централен регистар

Директорката на Централен регистар на Република Северна Македонија, Марија Бошковска Јанковски вчера донела решение за престанок на работниот однос на лицето Емил Јакимовски поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.

„Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договорот за вработување според кои иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал спрема другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот”, пишува во соопштението од Централен регистар.

Претходно, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници вчера ги повика институциите да реагираат на заканите кои Емил Јакимовски ги упатува до новинарите. По закани кон новинарката на „А1он” Мери Јордановска, тој, како што се наведува, испратил и закани по безбедноста кон Искра Коровешовска, уредник во „ТВ Алфа”.

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе