Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Ем се прават „мачо“ пред новинарите, ем плачат пред амбасадорите, оцени Мицкоски

„Чудна работа, истите тие кои што пред медиумите велат дека активната блокада на парламентот не успева, коленичат и плачат пред странските амбасади како ВМРО-ДПМНЕ блокирала, бојкотирала... Значи зборуваме за луѓе кои што сакаат да бидат мачо пред медиумите и мислат дека така македонската јавност ќе рече, браво, вие сте цврста власт, покажете им како треба. А, од друга страна коленичат и солзи ронат пред амбасадорите и пред амбасадите мислејќи дека на тој начин тие ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За време на посетата на Општина Кисела Вода, Мицкоски додаде дека на тој начин, преку амбасадорите, власта смета дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се уплаши.

„И, готово! Тоа што сме го наумиле ќе нема да го спроведеме. ВМРО-ДПМНЕ беше многу јасна и јас бев многу јасен, чекавме 100 дена Влада, подававме рака, дури и лично губевме од сопствената супстанца, трпевме и удари од народот зошто сме млаки, зошто не нема, зошто молчиме. Поради сложените моменти и за Европа и за светот, сакавме да бидеме државо - одговорни како што секогаш била ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа 100 дена и пак дадовме последна шанса до Ковачевски и останатите за дијалог", рече Мицкоски и оцени дека на подадената рака власта одговорила на брутален начин.

Мицкоски нагласи дека во понеделник ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница на Извршниот комитет каде ќе се дискутира „за вториот и за третиот чекор“

„Тоа нема да биде инстант акција која што ќе заврши денес или утре. Ова е стратегија која што ќе трае, јас не очекувам дека туку така ќе ја напуштат луѓето фотелјата која што ја држат. Бидејќи тие знаат дека никогаш повеќе во животот ќе немаат таква можност. И грчевито се борат небаре ова е последниот ден за сите нив. А, гледаат дека само народот е тој што губи, и ќе ја испорача народот сметката. Од една страна на медиумите ќе им кажат - видете, ние успеавме да го скршиме отпорот на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна пред странските амбасади ќе коленичат и ќе плачат и ќе викаат - видете ги овие од ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат", рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ќе го блокира активно секој оној закон кој е во интерес на поединци или партии, а не носат добро за народот или го ограбуваат, како што беше иницијативата  за Законот за автентично толкување за игри на среќа. 

„Но, немаме намера да ги блокиораме законите кои што се од интерес за граѓаните, како што се законите за повисоки плати, повисоки пензии, субвенции, напротив сето тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи“, рече Мицкоски и упати апел до претседателот на Собранието, но и до СДСМ и до ДУИ, веднаш на седница да го стават Законот за заем од Светска Банка каде што 63 милиони евра ќе бидат вложени во општините во Македонија, како што нагласи, во нова инфраструктура, во нови улици, во нова канализација, во нови водоводи.

Во врска со спорот со Бугарија Мицкоски не верува во достоинствено решение, за какво што говори власта.

„Не, не мислам дека постојат шанси за достоинствено тргање на бугарското вето. Или ќе бидеме понижени и омаловажени од страна на хегемонистичките барања на нашиот источен сосед, или нема да биде тргнато ветото и тоа е моја позиција, позиција на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.

Тој уште еднаш упати порака до политичарите во Брисел да го исполнат тоа што го ветуваа за Македонија - конечно да ги почне преговорите за влез во ЕУ без недостоинствени отстапки.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе