И Бугарија и С. Македонија се клучни регионални членки на Алијансата. Бугарија поради нејзината улога како надзорник над Црно Море и јужна Русија, и С. Македонија како тампон против понатамошното руско ширење во срцето на Балканот. Двете многу силно го чувствуваат влијанието на американско-рускиот судир за влијание.
Меѓутоа, НАТО се чини дека е невознемирено од ривалството Софија-Скопје, сметајќи го тоа за европско прашање што треба да го решат земјите-членки на ЕУ. И покрај тоа што може да е точно така, приговорите на Бугарија за влез на С. Македонија во ЕУ не произлегуваат од критериумите за пристап, како што е потребата за зајакнување на демократијата и сузбивање на корупцијата; наместо тоа, тие се поттикнати од историски тврдења што предизвикуваат национализам од обете страни и во одреден момент наскоро го погодат и НАТО, освен ако не се решат овие разлики.
Антибугарската треска се зголемува во С. Македонија, со благослов од политичкото раководство и медиумите, а ставот на Скопје кон Софија станува поагресивен. Еден од знаците е тоа што Скопје го одби барањето на Софија да учествува во воздушната контрола на НАТО во С. Македонија и исто така го повлече интересот за бугарската нуклеарна централа Белене, наместо тоа одлучувајќи се да го поддржи проектот за природен гас во северното грчко пристаниште Александрополи.
Во меѓувреме, Бугарија се подготвува за избори напролет, а голем е влогот на политичката класа во националистичките чувства, обидувајќи се да формира нова балканска агенда инспирирана од Отоманската Империја и големите аспирации од 19 век, обвинувајќи ги своите балкански браќа дека скршнале од вистинскиот пат.