Едвај излеговме од Скопје поради протестите, изјави премиерот во Прилеп

Едвај излеговме од Скопје, рече денеска во Приле премиерот Димитар Ковачевски со што призна дека и тој и неговите соработници, и покрај полициската придружба,  ја почувствуваа тежината на сообраќајниот метеж низ Скопје создаден уште од рано утрово со протестот на приватните превозници од „Слобода превоз“, но и со реконструкцијата на неколку булевари во главниот град.

Премиерот во изјавата што ја даде откако пристигнал во Прилеп на власта во Град Скопје, предводена од градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ им порача:

„Да земат да ја партиципираат власта затоа што од Скопје денеска едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници“.

Потоа Ковачевски рече:

„Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа фабрика за електрични автобуси, ветуваа брда и долини, а во моментов во Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има било какво поместување на било кој капитален проект кој што им го остави минатата власт, која што изгуби, им честиташе победа и предаде власт на ВМРО-ДПМНЕ .

Не може да биде изговор на ВМРО-ДПМНЕ дека тие се скарале со градоначалничката која што е нивни кандидат бидејќи тие одеа по Скопје да ја промовираат, не одев јас да ја промовирам по Скопје, и не може сега ние се скаравме, ама за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа.

Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините“.

 

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе