СОБРАНИЕ

Едногласно е избрана специјалната обвинителка Катица Јанева

Со 108 гласа „за“ пратениците вечерва едногласно ја избраа Катица Јанева да биде специјален обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.

Катица Јанева

За Јанева вечерва во Собранието гласаа 108, а беа присутни 111 пратеници. На семафорот немаше воздржани или гласови против.

Конечниот избор на Јанева ноќеска треба да го изврши и Советот на јавни обвинители.

Македонија за првпат добива специјален јавен обвинител. Ова е предвидено со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, изгласан денеска по итна постапка во Собранието. 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе