Во автобуска несреќа на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски државјани, кои се враќаа од Истанбул кон Скопје со автобус на „Беса транс", а седум беа повредени.
Бугарскиот адвокат на роднините на починатите патници го постави прашањето за квалитетот на автопатот Струма и стабилноста на заштитните огради.
Во Бугарија истрагата за несреќата не е завршена и во моментов се чекаат одговори од македонското главно обвинителство одговори поврзани со правна помош. Првично што е наведено како дел од исгтрагата е дека автобусот се движел со поголема брзина од дозволената, удрил во заштитната ограда, а потоа се запалил.
Бугарското обвинителство со вештаци го испитува и самиот автопат, заштитната ограда и ознаките на патот, што пак не мора да влијае на крајниот исход во однос на прашањето дали има или не вина кај возачот.