Според бугарскиот европратеник

Џамбаски: Признавањето на македонското малцинство може да биде условено со европски пари за Бугарија

Признавањето на македонското малцинство од страна на Бугарија би можело да биде условено од страна на Европската Унија и нејзините финансиски фондови, а европската резолуција ќе биде вечен политички срам за Бугарија, вели пратеникот во Европскиот парламент и заменик претседател на ВМРО-БНД.

„Бугарските европратеници од Бугарската социјалистичка партија ја допуштија таа глупост, таква резолуција која признава сепаратистичка антибугарска организација која се бори за признавање на непостоечко малцинство во Бугарија. И тоа ќе биде вечен политички срам за демократска Бугарија и за Бугарската социјалистичка партија“, изјавил Џамбаски во разговор за бугарската телевизија „СКАТ“.

Според него, резолуцијата се користи од страна на македонските медиуми.

„Но, што имаш во главата! Колку треба да си политички незрел, колку треба да си неодоговорен кон сопствената нација, за да дозволиш да започне таква глупост и таа да заврши со национално предавство. Таа резолуција во овој момент се користи од медиумите во соседната држава. Јавните личности велат дека Европскиот парламент го признава постоењето на македонското малцинство““, смета Џамбаски.

На прашањето дали би можело признавањето на македонското малцинство да биде условено со европските пари бугарскиот европратеник одговара: „Ќе дојде до тоа, немојте да се лажете, нема сомневање“.

Според него, еден дел од европските држави би можеле да ја блокираат Бугарија поради влијанието на либерализмот во европските општества кој се стреми кон признавање на сите малцинства. Тој не заборави да потсети дека бугарското општество знае дека на територијата на Бугарија не постојат национални малцинства, а Бугарија се граничи со самата себе си.

Џамбаски зборува и дека Македонија е еден од центрите на црни пропагандни операции на руско-кинески служби.

„Најверојатно знаете дека во градот Велес, убавиот, некогаш бугарски град Велес се наоѓа најголемата фабрика за лажни вести во Европа која директно ја пренесува руската пропаганда од фабриката во Санкт Петербург“, додава меѓу другото тој.  

Џамбаски уште вели дека има шанси да се реши проблемот и Македонија да влезе во ЕУ, но треба „власите во соседната држава да престанат да си играат партизани“.

Инаку, со 358 гласа „за“ и 277 „против“, Европскиот парламент усвои резолуција во која се изразува поддршка за бугарскиот народ во своите барања и легитимни аспирации за правда, одговорност и демократија. Брисел ги повикува бугарските власти и на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што се наведени, меѓу другото, и пресудите што се однесуваат на неможноста на македонското непризнаено малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе