„Мислам дека е неопходно да се прифатат сугестиите на оние кои историски нѐ поддржуваа нас Алабнците во сите процеси, а особено на оние кои го поддржаа независен статус на Република Косово и кои со значителни сили станаа гаранти за статусот на Косово. Таа комуникација треба да биде подиректна и поплодна во однос на дејствијата што треба да се преземат за да се надмине ситуацијата", рече Џафери.
Во изминативе месеци, а особено минатата недела кулминираат тензиите на северот од Косово каде во мнозинство се Србите, откако косовскиот премиер Албин Курти одби да ја одложи примената на одредбата за пререгистрација на возилата кои со српски таблички ги возат Србите. Тоа доведе до оставки на српски функционери, како и на сите раководни лица во Министерството за внатрешни работи од редот на Србите.
САД и други држави побараа одложување на оваа мерка, но Курти тоа го одби, поради што несогласување со него изразија лидерите на косовските опозициски партии кои тоа отворено и го кажаа на лидерската средба што ја имаше свикано косовскиот премиер.