Интерпелација за работата на собранискиот спикер

Џафери се однесува како да е во кабаре, рече Стојаноска, а Џафери возврати: Играјте ако се чувствувате како во кабаре

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во своето излагање по однос на Интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери, меѓу другото, рече дека тој се однесувал кон пратенички, како и кон неа, како да се наоѓаат во некое кабаре и рече дека ако овие зборови Џафери ги проголкува како албанофобија, дека таа ќе рече дека тој е женомразец. Џафери реплицираше: „Ако се чувствувате како во кабаре, играјте си ја таа улога“.

„Џафери знае да има и лош однос кон жените. На една од седниците довикуваше недолично и со вклучен микрофон се однесуваше како да е на планина, а не претседател на Собранието. Особено кон колешки пратенички дофрлаше. Кон Гордана Силјановска Дафкова, а за мене со потсмев на своите соработници им се обраќање со зборовите 'Види ја, бе'!. Па потоа почна да ме кани на говорница да му читам небаре е во некоја биртија, а јас сум му некоја забавувачка која треба да ја награди ако му ги исплолнувам желбите. На очиглед на јавноста и на пратеничките кои молчешкум со главите надолу го следеа ова кабаре. Ама, ако, нека ви служи на чест на сите кои не реагираа на скандалозното однесување на Џафери. Нема да дозволам моите зборови да ги протолкува како албанофовија, зашто како жена ќе му возвратам дека е женомразец“, рече пратеничката Стојаноска, која меѓу другото наведе тврдења за нерегуларности во финансиското работење, споменувајќи го и Ревизорскиот извештај.

Џафери реплицираше: „Нема да паднам на вашето ниво. Ако вие се чувстувате како да сте во кабаре, што да правам. Играјте ја и понатаму таа улога ако ја сакате. Што се однесува до финансиското работење, сѐ е јавно и пристапот е отворен за секој граѓанин ако сака да влезе во електронската архива на Собранието. 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе