Џафери не ја видел иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ

Откако денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски до Собранието на Македонија ја поднесе иницијативата за одржување на референдум, со што треба да започне иницијативата за оценка на уредноста на иницијативата, од собраниската служба велат дека претседателот Талат Џафери не ја видел иницијативата. Џафери инаку, имаше средба со лидерот на Демократската партија на Косово.

„Претседателот на Собранието Талат Џафери сѐ уште ја нема примено иницијативата за започнување на процедура за утврдување на уредноста на иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на референдумот што го најави ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од неговиот кабинет.

Во одговорот од службата на претседателот на Собранието понатаму се вели:  „Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време“, гласи одговорот за МИА.

Денеска Мицевски, кој ја поднесе иницијативата, изрази надеж дека претседателот Талат Џафери нема да користи „познати методи" за оневозможување на уредноста на иницијативата.

Инаку, собраниската служба пред малку пренесе соопштение фотографија од средбата на Џафери со претседателот на Демократската партија на Косово. Мемли Красниќи одржана во кабинетот на Џафери.

 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе