На средбата, претседателот Џафери и се заблагодари на амбасадорката Брнз за нејзината значајна улога во унапредувањето на политичките процеси во земјата, како и за силната поддршка на процесот на интеграција во НАТО и ЕУ во текот на нејзиниот мандат, истакнувајќи дека Република Македонија и САД негуваат извонредни билатерални односи.
Амбасадорката Брнз истакна дека во текот на нејзиното извршување на функцијата беа донесени неколку клучни одлуки во земјата и се случи и историскиот настан, како што е членството во НАТО. Таа изрази задоволство од можноста да биде дел од прогресот на земјата во целина и на Собранието. При тоа, го оцени како мошне успешно водството на Собранието од страна на претседателот Џафери и неговите напори да го подигне значењето на Собранието како законодавна власт и да ја зацврсти неговата независност. Брнз додаде дека сите се импресионирани од постигнувањата на Република Македонија и нејзините перформанси како членка во НАТО.
На средбата, претседателот Џафери и врачи на амбасадорката Брнз признание за нејзиниот целокупен придонес и и посака успех во нејзините идни професионални предизвици.