Џафери на Европска конференција на претседатели на парламенти во Атина

Претседателот на грчкиот парламент Константин Тасулас, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Рик Даемс и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, денеска во Атина ја отворија дводневната Европска конференција на претседатели на парламенти, изразувајќи задоволство што таа се одржува со фицичко присуство на 48 претседатели на парламенти, меѓу кои е и претседателот на Собранието на Македонија,Талат Џафери.

Во воведното излагање тие ја истакнаа важноста на темите и предлозите што би требало да се упатат до владите за преземање на активности со цел надминување на денешните предизвици.

Како што се наведува во соопштението од Собранието, во однос на темата за споделување на искуства за предизвиците кои  што пандемијата со ковид-19 ги наметна врз демократиите и за решавањето на слични кризи во иднина, беше нагласена важноста на парламентите како гаранти на демократијата во време на криза и беше поздравен фактот што повеќето парламенти успеаја да ги обезбедат неопходните прилагодувања на нивните правила и процедури со цел да продолжат да ги извршуваат уставните улоги за време на пандемијата.

Во однос на улогата на парламентите и правото на здрава и одржлива животна средина, беше упатен повик претставниците на законодавните домови да се заложат за усвојување на мерки со кои ќе се обезбеди правото на безбедна, чиста, здрава и одржлива животна средина, вклучително и преку дополнителен протокол кон Европската конвенција за човекови права, кој треба да биде правно обврзувачки за земјите членки.

„Експлицитното признавање на правото на здрава и одржлива животна средина во Европа,како и во другите региони во светот, ќе го отвори патот за решителна акција и на европско и на национално ниво”, било кажано на отворањето на конференцијата.

Според програмата, Џафери ќе се обрати на вториот ден на Конференцијата, на темата „Заедничката иднина на сите европски граѓани”, а на маргините на Конференцијата предвидени се средби со претседателот на грчкиот парламент Тасулас и со потпретседателката на шведскиот парламент Џонсон Форнаве.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе