Честитка за 11 Октомври од претседателот на Собранието

Џафери: Лекциите од минатото да се научат

Оваа година е посебно значајна, затоа што одбележуваме јубилејни 80 години од денот кога борците на антифашистичката генерација се исправија решително и несебично во борба за слобода и достоинство, положувајќи го најскапоценото во глобалната битка на доброто против злото, истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговата честитка по повод денешниот државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание.

„Тие ја избраа потешката, но исправна страна и со тоа ги сочуваа своето достоинство, човечноста и солидарноста но над сѐ, го дадоа својот придонес за подобар, похуман и поцивилизиран свет, свет без болка, солзи, без поделби и тага“, наведе Џафери.

Тој додаде дека таа желба за слобода придонела и во градењето на државноста. И затоа, како што посочи, „денес оддаваме почит на сите кои имаа удел во таа борба, за да можеме сите ние да ги уживаме благодатите на животот во слободна, силна и демократска држава, која од минатата година со членството во НАТО и самата е контрибутор во светскиот мир и поредок“.

„Битно е, лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат затоа што, поделбите никому не носат ништо добро и во овој свет само сплотеноста носи кон прогрес. Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден! Честит 11 Октомври – Денот на народното востание“, вели Џафери во неговата честитка. 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе